Продажбата на Ајфон во Кина падна за една петтина

Ајфон Епл мобилен телефон
Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Компанијата „Епл“ бележи рекорден пад на продажбата на паметни телефони во Кина. Во првиот квартал од 2024 година, продажбата паднала за 19,1 отсто. Од друга страна, во истиот период кинеската компанија „Хуавеј“ забележа неверојатни 69,7 отсто зголемување на продажбата на своите паметни телефони во Кина, пренесува Си-Ен-Ен.

„Хуавеј“ успеа да го зголеми прометот пред се благодарение на продажбата на смартфони со врвен чип, што директно се одрази на послабата продажба на телефоните на Apple во сегментот на премиум производи, тврди аналитичарот Иван Лам.

Соединетите Американски Држави воведоа санкции на почетокот на 2019 година за да го спречат пристапот до напредна технологија, но кинескиот производител сега се враќа на пазарот во полн замав.

„Хуавеј“  е четвртиот најголем производител на паметни телефони во Кина и се обидува да му се закани на американскиот „Епл“, кој моментално е на третата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот