Неверојатна сцена среде Лондон: Два коња слободно бодинаат низ центарот, едниот изгледа прекриен со крв/ВИДЕО

231
Фото:скриншот/видео Х

Жителите на Лондон утринава во центарот на градот воочиле два коња без сопственик, од кои едниот изгледа како да е прекриен со крв.

„Околку 8 часот и 40 минути забележавме дојава за коњи без сопственик кои трчаат низ градот. Службениците ги задржаа на автопатот во близина на Лајмхаус. Чекаме возило кое ќе ги пренесе до ветеринар, “ соопшти полицијата.

„Скај њуз“ информира дека коњите му припаѓаат на одделот на британската војска. На социјалните мрежи се појавија видео снимки од настанот на кој се гледа како црн и бел коњ тркаат по улица. Наскоро се огласи и портпарлот на војската.

„Одрен број воени коњи се ослободија во текот на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. Во текот на инцидентот е повреден одреден број од вработени, но и коњи. На сите им е пружена медицинска помош“, изјави тој.