ФОТО | Убиствено селфи: Кинескa туристка загина паѓајќи во вулкан во Индонезија

Huang Lihong / FotoЧ (Instagram @banyuwangi_hitss)

Туристката Хуанг Лихонг (31) од Кина загина откако паднала во кратерско езеро во провинцијата Источна Јава во Индонезија во текот на викендот, објавија локалните медиуми.

Туристката снимала селфи со својот сопруг кога се лизнала и паднала во 75 метри длабокиот кратер Ијен во областа Банџуванги, објави „Компас“.

Туристичкиот водич кој бил со двојката, рекол дека отпрвин Хуанг стоела на околу 2-3 метри од работ на кратерот, но потоа се приближила за да направи подобра фотографија. Потоа почнала да се движи назад за да биде поблиску до дрвото со разголени гранки за да сними поубава позадина.

– Кога зачекори наназад, се сопна од долгото здолниште и падна во кратерот – вознемирено рекол водичот.

На спасувачите им биле потребни два часа за да го извлечат телото на жената.

Кратерот Ијен е дел од вулканскиот комплекс Ијен, кој е активно вулканско подрачје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот