До 11 часот излезноста 12,78%, гласале повеќе од 229 илјади гласачи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија со нови податоци околи бројот на излезност до 11 часот. Така во првите четири часа од гласањето излегле 229.743 гласачи, или во проценти 12,78%.

До 9 часот оваа бројка беше нешто под 4%, или околу 70.000 гласачи. Засега не се пријавени поголеми проблеми во гласачкиот процес. ДИК информираше за ситни технички недостатоци, кои се „решаваат во од“.