ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јордановска: Граѓанките и граѓаните се секогаш повикани да пријават изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

ФОТО: Биљана Јордановска, уредничка на ЦИВИЛ

„ЦИВИЛ оваа година ќе ги набљудува изборите со 51 набљудувач. Нашите набљудувачи претежно набљудуваат во две категории, односно во две фази, долгорочно набљудување или мониторинг и краткорочни набљудувачи коишто се на терен за време на денот на гласањето, изјави Биљана Јордановска, уредничка на ЦИВИЛ во интервју на Слободен печат.

-Долгорочните набљудувачи ги следат изборите од нивното распишување, а краткорочните набљудувачи го мониторираат денот на гласањето. Тоа се наши стандарди, наша методологија и нешто што ние го работиме од 2008 година како организација за човекови права и слободи која ги мониторира изборните процеси во нашата земја. Искуството е огромно низ годините, со оглед на тоа дека секогаш кај нас изборните процеси се турбулентни и во последните десет години имавме изборни процеси кои беа специфични во однос на тоа каква одлучувачка моќ имаа во контекст на политичката и општествената состојба на нашата земја“, додаде таа.

Во однос на тоа како се станува набљудувач на ЦИВИЛ, Јордановска објасни дека во пресрет на изборите ЦИВИЛ упатува јавен повик до сите граѓанки и граѓани коишто го објавува на својата медиумска платформа и на организацискиот сајт ЦИВИЛ.орг.мк проследено со прес-конференција во однос на мониторингот на изборите.

„Теренските набљудувачи своето набљудување го започнуваат во раните утрински часови, пред отворање на избирачките места и набљудуваат во 13 категории на мониторинг. Денеска во 10:30 на првата прес-конференција на ЦИВИЛ подетално се објаснети категориите. Дел од категориите коишто краткорочните набљудувачи, категории на изборни нерегуларности ги мониторираат, тука спаѓаат проблеми со избирачкиот список доколку ги има, проблеми со изборниот материјал, со работата на изборните органи, избирачките одбори и нерегуларности поврзани со набљудувачите на терен“, потенцираше Јордановска.

Таа додаде дека долгорочните набљудувачи имаат поширок опсег на набљудување, тие влегуваат подетално во тоа што се однесува во делот со изборната кампања, со начинот на кој се води изборната кампања и сите процеси, и постизборниот период односно како оди постапката на утврдување на изборните резултати.

„ЦИВИЛ секогаш набљудува со граѓанките и граѓаните и се разбира дека тие се секогаш повикани да пријават изборни нерегуларности кај нас, би им препорачала да ја посетат страницата слободниизбори.инфо каде што пријава за изборни нерегуларности а истата може да ја најдат на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Можат да не контактираат преку имејл, порака на Фејсбук страница, телефонски броеви“, заклучи Јордановска.

Повеќе од разговорот со Јордановска во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот