Македонија
24. April 2024 - 11:10

79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. 

– На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Р. (79) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник при извршување на службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Б.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.