Грчки војник од воздухопловните сили пронајден мртов во базата Танагра

Грчки војник пронајден мртов во воздухопловната база Танагра/Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Грчките воздухопловни сили ја објавија смртта на 45-годишниот војник кој денеска, среда, беше пронајден мртов во 114-то борбено крило во Танагра.

Причините за смртта на 45-годишниот „компетентно се истражуваат“ се наведува во соопштението на Генералштабот на воздухопловството на грчката Армија.

-Во среда, 24 април 2024 година, Б.А., на возраст од 45 години, кој служел во 114-то борбено крило, во воздухопловната база Танагра, бил пронајден мртов внатре во Единицата. Причината за смртта е под истрага, соопшти Армијата.

Генералштабот на воздухопловството изразува искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот