Breaking News

Обвинителот Бајрами во 13:00 часот ќе ги соопшти првичните информации за изборите од ЈО низ државата


Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето, како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија.


Како што најавува Комисијата, нејзиниот претседател, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами во 13:00 часот ќе ги соопшти првичните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.


мч/црфото: МИА архива .

Извор: МИА