УАПСЕН ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО ЗАМЕНИКОТ НА РУСКИОТ МИНИСТЕР ШОЈГУ

    УАПСЕН ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО ЗАМЕНИКОТ НА РУСКИОТ МИНИСТЕР ШОЈГУТимур Иванов беше одговорен за инфраструктурните проекти на руската војска (Фото: ТАСС)

    Рускиот заменик-министер за одбрана Тимур Иванов е уапсен под сомнение дека земал мито. Истражниот комитет потврди дека 47-годишниот Иванов е во притвор и дека се спроведува истрага.

    Иванов, кој работел во министерството за одбрана од 2016, беше одговорен за инфраструктурните проекти на руската војска.

    Во 2022, Антикорупциската фондација основана од Алексеј Навални го обвини Иванов дека учествувал во коруптивни шеми при градежни работи на украинските територии окупирани од Русија. Како пример беше наведено дека профитирал од градежни проекти во обновата на Мариупол, кој беше уништен во голем обем за време на неколкумесечната опсада на почетокот на руската инвазија.

    Иванов е уапсен врз основа на секцијата на рускиот кривичен законик која се однесува на мито поголемо од еден милион рубли (10.700 долари). Ваквите прекршоци предвидуваат затворски казни до 15 години.

    САД, ЕУ и Велика Британија воведоа санкции против Иванов, опишувајќи го како „десетти по ред во севкушната хиерархија во руското воено заповедништво“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира