Блинкен во посета на Кина – загрозена стабилноста на односите на глобалните ривали

Низа нерешени прашања кои ја загрозуваат стабилноста на односите на глобалните ривали – американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Шангај, Кина.

Блинкен ќе побара од Кина да престане со опремување и снабдување на руската воена индустриска база. Висок функционер на Стејт департментот на брифинг со новинари во петокот рече дека Вашингтон е подготвен да „преземе чекори“ против кинеските компании за кои верува дека им штетат на американската и европската безбедност. Тој не кажа други детали, пренесе МИА.

Посетата доаѓа откако американскиот Конгрес викендов го усвои законот кој вклучува ново финансирање за Тајван и помалку од еден месец пред островот да го инаугурира новиот претседател Лаи Чинг-те, кој како и неговиот претходник го отфрли правото кое Кина го полага врз островот.

Висок функционер на Стејт департментот рече дека страните треба „да избегнуваат преземање провокативни дејствија кои би можеле да ги подигнат тензиите и да покажат воздржаност“ пред инаугурацијата.

Напорите да се принуди кинеската ByteDance да ја продаде апликацијата TikTok или да се соочи со забрана од САД, исто така добиваат на сила во Конгресот, што е знак за зголемената подготвеност на Вашингтон да се соочи со Пекинг за економски прашања.

Блинкен се очекува да покрене и прашања за човекови права, вклучувајќи го и третманот на Кина кон муслиманите во западниот регион Синџијанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот