ШАХ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЖЕНИ

Македонската шахистка, ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Моника Стојковска (2.057 рејтинг-поени, рангирана на 122-то место пред почетокот на турнирот), победи во четвртото коло на 24. Европско првенство (ЕП) за жени, на Родос (Грција). Стојковска со црни фигури ја победи Украинката Лесиа Кручак (1.843, рангирана 163-та). Во петтото коло Стојковска ќе ја има предноста на почетниот потег против ЖВМ од Германија, Жозефина Хеинеман (2.303, рангирана 49-та). По четири кола Стојковска има два поена и е на делба на 72-116. место. На табелата водат ИМ од Азербејџан Олвија Фаталијева (2.377, рангирана 24-та) и ИМ од Шпанија, Марта Гарсија (2.349, рангирана на 37-то место). Прворангирана пред ЕП, ИМ од Украина, Јулија Осмак (2.459) има два поена од четири партии.
За силината на ЕП 2024 говори и податокот дека играат шест поранешни европски првенки, Антоанета Стефанова (2002 г.) од Бугарија, Екатерина Аталик (2006) од Турција, Тхан Транг Хоанг (2013) од Унгарија, Ана Ушенина (2016) од Украина, Елина Даниелијан (2021) од Ерменија и Моника Сочко (2022) од Полска. Г.И.