Одобрена визна либерализација за Србите од Косово

123

Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово и Метохија, кои ги издава Координативната управа на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

За извештајот на Немец за укинување на визите за имателите на пасоши издаден од Координативната управа на Србија, гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.