EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, изјави дека неговиот настап на претходната трка во Кина покажал дека може да ја освои својата прва Формула 1 победа оваа сезона. Норис заврши втор на Кинеското ГП во Шангај, зад Макс Верстапен од Ред Бул, кој на последните 23 трки, има 21 победа, па на возачите им е тешко да му парираат.

  • Веќе реков, не ми треба поголема доверба. На почетокот на годината реков дека мислам дека можеме да се бориме против Ред Бул и ќе можеме да победиме оваа година. Мислам дека нема да биде лесно, но во вистинско време, во добри услови, со работи што ќе одговараат на нашиот болид малку повеќе – верувам 100 проценти во тимот и верувам во моите способности. да го направи тоа, изјави Норис за „Скај спортс“.

Норис по 15. пат се искачи на подиумот, а следна шанса за нов подиум ќе има на трката во Мајами, која ќе се вози на 5 мај.