Сателити од вселената ја покажаа катастрофалната поплава во Дубаи

фото: CNN

Поплавите во делови од Обединетите Арапски Емирати –  биле толку интензивни што можеле да се следат со денови преку сателити од вселената, откако облаците се разделиле и паднале последните капки дожд, пренесува Си-Ен-Ен.

Од 16 април до 17ти доцна невечер, во Дубаи  –  за само 12 часа наврна дожд колку за една година, додека околните области имаа речиси двојно повеќе врнежи за 24 часа.

Најобилни врнежи има во областите северно и источно од главниот град на земјата, Абу Даби.

Поплавите брзо се зголемија и полека се повлекуваа како резултат на историскиот потоп, кој беше најекстремниот настан во земјата од водење на евиденција пред 75 години. Помалку од два дена откако дождот престана, сателитот Ландсат 9 помина над ОАЕ во петокот на 19 април и сними снимки од големи базени од поплави. Сателитот собирал детални снимки од површината на Земјата и е управуван од НАСА и Геолошкиот институт на САД.

Темно сините базени на сликите ги истакнуваат водите од поплавите, кои се во целосна спротивност со типично сувата почва во регионот, која изгледа кафеава или светло-кафеава. Прикажаната поплава е во најјужниот дел на Дубаи. Овие снимки се направени од сателитот Landsat 9 и се обоени за да се потенцира присуството на вода. Прикажаните бои не се толку верни како што би изгледале на лице кое гледа од вселената, но тие го олеснуваат воочувањето на разликите на површината, пишува Си-Ен-Ен.

Погледнете ја сателитската снимка пред и по поплавите.

фото: CNN

Силниот дожд е поврзан со поголем систем на бура минатата недела што го преминал Арапскиот Полуостров и се преселил преку Оманскиот Залив. Истиот циклон донесе смртоносни поплави и во блискиот Оман, каде што загинаа најмалку 18 лица. Екстремните врнежи како овој стануваат сѐ почести како што се загрева атмосферата поради климатските промени предизвикани од човекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот