ВИДЕО: Јувентус е првиот финалист во Купот на Италија

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

По првиот натпревар во Торино екипата на Јувентус имаше позитива од 2:0, а на реваншот од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Италија составот на Лацио беше подобар во Рим со 2:1.

„Небесно-сините“ успеаја да постигнат два гола преку Кастељанос во 12 и 49 минута и така ги вратија шансите во овој двомеч.

Но, во самиот финиш од мечот поточно во 83 минута Јуве дојде до гол кој го реализираше Милик и го однесе тимот во големото финале.

Противник на „Старата дама“ во борбата за пехарот ќе биде победникот од втората полуфинална пресметка која е закажана за в среда помеѓу Аталанта и Фиорентина во Бергамо. По првите 90 минути Фиорентина обезбеди предност во Фиренца од 1:0.

Потсетување дека финалето во ова куп натпреварување ќе се игра на 15 мај на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Јувентус е најтрофеен во Купот на Италија со 14 титули, последната ја имаше во 2021 година кога во Реџо Емилија ја совлада Аталанта. Беше и финалист и во 2022 година, но тогаш клубот од Торино на „Олимпико“ загуби од Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот