Приведен заменик-министерот за одбрана на Русија под сомнение за примање мито

118

Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов, е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.

„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.

Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.