ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ: Се движел додека 5 вагони гореле, Канаѓани врескале од автомобилите/ВИДЕО

283
Printscreen/Youtube

Запален товарен воз во ноќта меѓу неделата и понеделникот минуваше низ центарот на канадскиот град Лондон и ги шокираше граѓаните во околината.

На шокантната снимка може да се види дека најмалку пет вагони гореле и дека пожарот брзо се ширел. Шокираните жители врескале во своите автомобили додека запалениот воз минувал покрај нив, но за среќа никој не бил повреден.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во возот.

На противпожарните екипи им беа потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат.

– Сѐ ќе третираме како подметнување пожар додека не се докаже спротивното, тоа беа стари железнички врски, кои не беа многу вредни – соопштија од противпожарната служба.