Пентагон подготвен да испрати милијарда долари воена помош за Украина откако законот ќе помине во Сенатот

фото: МИА

Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија денеска неколку американски претставници, додека Горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за средства за Украина и другите сојузници на САД, што е веќе усвоен во Долниот дом, пренесе МИА.

Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.

Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.

Пакетот вклучува и разновидна муниција, како и оклопни возила и друго оружје.

Американските власти рекоа дека некои оружја ќе бидат доставени на бојното поле многу брзо, можеби дури и во рок од неколку дена, но дека за некои работи „може да потрае малку подолго“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот