ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТ СУДАР НА 5 АВИОНИ! Драма на аеродромот во Њујорк, виновни контролорите

231

На меѓународниот аеродром „Џон Кенеди“ во Њујорк за влакно беше избегната голема трагедија кога авион на Swiss Air за малку ќе се судрил со четири други авиони, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Имено, инцидентот се случил минатата недела, а набргу потоа Федералната управа за авијација покренала истрага за целиот случај.

Според соопштението на Swiss Air, леталото веќе достигнало брзина малку над максималната брзина за таксирање, кога пилотот решил ненадејно да закочи.

Се огласи менаџментот на компанијата
Авиокомпанијата соопшти дека навремената акција обезбедила да се избегне потенцијална катастрофа.

– Поради високото ниво на свесност за ситуацијата и брзата реакција на нашиот екипаж, брзо беше избегната потенцијално опасна ситуација – се наведува во соопштението на компанијата.

По инцидентот, зборуваше Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, кој објасни дека преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајцата контролори.