Маричиќ: Нудиме европска сегашност и иднина, ги признаваме грешките и знаеме да се бориме за граѓаните

by fokus

„На 8-ми мај особено ќе бидеме сите соочени со истата дилема. Дали да излеземе да гласаме, за кого да гласаме, имаме ли таква дилема, имаме ли опција? Но мислам дека како проаѓа кампањата многу јасни стануваат двете опции. Имаме два блока, два избора, две опции. Едната е нашата која што нуди европска сегашност и европска иднина, која што умее да ги признае грешките. Која што умее да се бори за граѓаните“, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на листата на Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ на митинг во Центар.

Тој додаде дека овие седум години Македонија покажа дека може да биде поинаква држава и дека може да има слобода и демократија, но и да се носат тешки одлуки во интерес на граѓаните.

„Навистина сме отидени напред. Дали е доволно? Сигурно дека не е. Но дали сме единствената опција што може да ги исправи тие грешки да продолжи да ја води државата напред, сигурно да. Од другата страна имаме опција која што се нарекува ‘За твоја Македонија’, ‘Македонија повторно твоја’, но кога беше таа Македонија по нивно, односно нивна, центарци најдобро паметат како тоа изгледаше. Колку круга требаше да се гласаат за да се избере слободно градоначалник“, рече Маричиќ.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ правеле катастрофални грешки и не се извинија за нив, а ако се погледнат нивните собири и митинзи денес, изгледаат исто како пред 11 години.

„Може да ги видите и Јанкуловска, Пешевски, Ставревски, значи само уште шефот им фали од Будипмпешта за да биде сликата комплетна. Тоа ВМРО треба да ни донесе некаква слобода, демократија и развој“, рече Маричиќ.

Поврзани новости