МНР на Кина: Наводите за кинеската шпионажа во Германија се хајка

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли извештаите за кинеска шпионажа во Германија, нагласувајќи дека таквата „хајка“ има за цел да ја дискредитира Кина.

„Кина отсекогаш се придржувала до принципот на немешање во внатрешните работи на другите земји и се надева дека релевантниот персонал во Германија ќе го напушти менталитетот на Студената војна“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер денеска ја изрази својата загриженост за обвинувањата дека помошникот на пратеникот во Европскиот парламент на партијата Алтернатива за Германија (АфД), Максимилијан Крах, бил шпион на Кина и тие обвинувања ги оцени како „многу опасни”. „Ако се потврди дека шпионирањето за Кина се случува од Европскиот парламент, тогаш тоа е напад врз европската демократија однатре“, изјави Ненси Фасер.

Помошник на пратеник на Европскиот парламент (ЕП) од германската екстремно десничарска партија АфД е уапсен во Германија под сомнение дека шпионирал за Кина, објавија денеска германските обвинители.

Помошник на пратеник на АфД во ЕП меѓу уапсените осомничени за шпионирање во корист на Кина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот