ЕPA-EFE/WU HONG

Од 2025 година доаѓа промена во Формула 1 која може да ја направи сезоната поинтересна, а се однесува на методот на бодување.

Челниците на Формула 1 одлучија од 2025 година наместо досегашните десет, како што беше практика, бодови да добиваат 12 возачи. Затоа, повеќе од половина од возачите во текот на трката ќе добијат поени, што би можело да ги направи трките поинтересни, сметаат челниците на Формула 1.

Нема да има промени во системот на бодување. Победникот од трката ќе добие 25 бода, второпласираниот 18, третопласираниот 15, потоа четвртопласираниот 12, петтопласираниот десет бодови.

Промените ќе бидат во вториот дел од бодовната листа. Осум бода ќе бидат доделени за шестото место, шест бода за седмото место, осмопласираниот возач на трката ќе добие пет бода, деветтото место ќе донесе четири бода, десеттото место три бода, 11-тото место два бода, а 12-тото место еден бод.

Дополнителен бод останува во сила за најбрзиот круг на трката, а истото бодување останува и за спринтерските трки каде првите осум возачи ќе добијат поени по редослед од осум спрема еден. Ова може да понуди возбуда особено во битката за средината на поредокот.

Често гледавме многу битки за 11., 12. место на трките кои немаа резултатски шарм, но сега тоа ќе се промени.

Исто така, челниците на Формула 1 размислуваат и квалификациите да носат одредени бодови, но сепак ова е под знак прашалник.

Една од идеите е првите тројца возачи во квалификациите да добијат бодови (3, 2, 1), но тоа се уште е далеку од реализација.

Целта на бодувањето е Формула 1 да биде што поинтересна за да има почести и позначајни борби на патеката за време на трката.