Билд: Доцни испораката на 400 германски оклопни возила за Украина

EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус се бори со значителни одложувања во испораката на 400 тешко оклопни транспортни возила во Украина, стои во документите докои увид имал германскиот весник „Билд“, пренесува „euromaidanpress“.

Договорот од 315 милиони долари меѓу германската влада и компанијата за оружје „FFG“ со седиште во Фленсбург за возила „MRAP“ имаше за цел да ја зајакне мобилноста на Украина на бојното поле против руските сили.

Сепак, пуштањето во употреба беше проследено со низа неуспеси.

Во март, Писториус објави дека Германија испорачува возила за одржливо зајакнување на мобилноста на бојното поле во Украина.

Портпаролот на Министерството за одбрана потврди за „Билд“ дека министерот мислел на „100 оклопни пешадиски возила“ од „FFG“.

Во документ од септември 2023 година стои наведено дека „FFG“ ќе испорача вкупно 200 „MRAP“ возилата во „серии“ од јануари до октомври 2024 година.

Сепак, оваа амбициозна временска рамка брзо се разоткри.

Досега не се испорачани возила од овој тип, изјави портпаролот на министерството за медиумот на прашањето за доцнењата.

Испораката на возилата е предвидена за 2024 година во неколку чекори.

Истрагата на „Билд“ откри дека првичниот план за 200 возила за 2024 година на почетокот на годината бил намален на испорака од само 100 возила кои сега се очекува да почне да се испорачуваат од мај.

Поновиот доверлив документ од средината на април открива дека 100-те возила што ги вети Писториус во март нема да бидат испорачани „најрано до јуни 2024 година“.

Одложувањата најверојатно произлегуваат од потпирањето на „FFG“ на аутсорсинг компоненти за возилата заштитени од мини.

Компонентите на возилото се произведуваат во САД и се испорачуваат во Германија за финално склопување на возилото, признал портпаролот на „FFG“ за „Билд“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот