Агелер: Негласањето не води никаде, граѓаните да го изберат кандидатот кој ги одразува нивните соништа за иднината

79

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија, Анџела Агелер, на официјалниот Фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за оној претседателски кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

„Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање“, пишува во пораката на амбасадорката Агелер.

Во Македонија утре ќе се одржи првиот круг од претседателската трка во која учествуваат седум кандидати. Ако дојде до втор круг, тој ќе се одржи на 8 мај во исто време со првиот круг од Парламентарните избори.