Ученикот кој претепа наставничка во Влае ќе биде префрлен во друго училиште

Училница/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Проблематичниот ученик од „Димо Хаџи Димов“ кој вчера истепа наставничка и нападна соученици ќе биде префрлен во друго училиште. Ова ќе се направи по првиот круг од претседателските избори.

Тим на Центарот за социјални работи, поради асоцијалното однесување побарал негова хоспитализација и надзор од лекар. Родителите од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се организираат да потпишат петиција.

Наставничката добила лекарска помош од Итната помош, таа се жалела на повреди на главата и вознемиреност. Ученикот и претходно правел слични проблеми, станува збор за дете без родители.

Детето е згрижено е во групен дом. Тоа е на возраст под 14 години и не може кривично да одговара. Известени се надлежните институции за социјални работи.

Случајот и инцидентот се пријавени во полициската станица во Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот