Швајцарија деблокира руски средства во вредност од 290 милиони швајцарски франци

Швајцарските власти деблокираа средства поврзани со Русија во износ од 290 милиони швајцарски франци (околу 318 милиони долари) поради укинувањето на санкциите на ЕУ за одреден број поединци, како и по разјаснувањето на потеклото на некои средства, соопшти Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања.

„Имотот во вредност од 140 милиони швајцарски франци, кои претходно беа блокирани како мерка на претпазливост, беа ослободени откако понатамошните истраги покажаа дека не се исполнети законските услови за нивно замрзнување“, се вели во соопштението.

Вкупниот износ на блокирани средства на Руската Федерација се намали за 150 милиони швајцарски франци (околу 165 милиони долари) поради фактот што одреден број поединци „биле отстранети од списоците за санкции на ЕУ“.

Освен тоа, само со проширување на црната листа, во 2023 година Швајцарија дополнително ги блокираше средствата поврзани со Русија за 50 милиони франци (околу 55 милиони долари).