Надлежните ќе преземат мерки: Насилниот ученик кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште

301

Проблематичниот ученик од „Димо Хаџи Димов“ кој вчера истепа наставничка и нападна соученици ќе биде префрлен во друго училиште. Ова ќе се направи по првиот круг од претседателските избори.

Тим на Центарот за социјални работи, поради асоцијалното однесување побарал негова хоспитализација и надзор од лекар. Родителите од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се организираат да потпишат петиција.