КОБНО СЕЛФИ: Кинескa туристка загина сликајќи се во близина на вулкан во Индонезија

119

31-годишна кинеска туристка загина откако паднала во кратерско езеро во провинцијата Источна Јава во Индонезија за време на викендот, објавија локалните медиуми.

Туристката правела селфи со својот сопруг кога се лизнала и паднала во кратерот Ијен длабок 75 метри во областа Банџуванги, објави Kompas.com.

Туристичкиот водич на двојката рече дека жената стоела на околу 2-3 метри од работ на кратерот, но потоа се доближила за подобра фотографија.

„Кога се доближи, се сопна преку долгото здолниште и падна во кратерот“, вознемирено изјави водичот.

На спасувачите им биле потребни два часа за да го извлечат телото на жената. На местото на настанот била констатирана смрт.

Кратерот Ијен е дел од вулканскиот комплекс Ијен, кој е активно вулканско подрачје.