Вучиќ: Усвојување на резолуцијата на ОН за Сребреница ќе доведе до дестабилизација на Западен Балкан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од Њујорк изјави дека усвојувањето на ОН за Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, ќе доведат до дестабилизација на регионот.

„Усвојување на ваков нацрт на резолуција ќе доведе до дестабилизација на регионот, недоверба во ОН, ќе го продлабочи јазот меѓу народите и ќе создадат нови тензии на Западен Балкан“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

Вучиќ рече дека Србија контунуирано и доследно го осудува злочинот во Сребреница, и потсети дека во 2010 година во српскиот парламент, усвоена декларација со која се осудува злочинот.