Српската армија до крајот на месецот ќе предложи начин за отслужување на задолжителниот воен рок

Фото: Миа

До крајот на овој месец до врховниот командант на српската армија ќе биде доставена оценката и предлогот за враќање на обврската за воен рок, со предлог за модел на задолжителен воен рок и динамични планови за создавање услови за активирање на обврската, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.

Тој во интервју за денешната „Политика“ посочи дека ГШ на српските вооружени сили има развиено неколку можни модели на воена служба, со јасно утврдени позитивни и негативни ефекти, со компаративна анализа според претходно дефинирани критериуми.

„Бидејќи ја добивме задачата од врховниот командант, не би било коректно јавно да зборувам за нејзината содржина пред да го поднесам бараниот предлог“, изјави тој

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот