Ученик нападнал наставници и соученици и кршел инвентар во училиште

Во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, вчера во 12:40 часот, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца).

Тој е приведен поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.