ФОТО | Сите очи вперени во неа: Јелена Ѓоковиќ блесна во фустан од 500 евра на црвениот тепих во Мадрид

Јелена и Новак Ѓоковиќ / Фото: SOPA Images / ddp USA / Profimedia

Јелена Ѓоковиќ синоќа блесна на доделувањето на спортските награди „Лауреус“ во Мадрид, рака под рака со сопругот Новак Ѓоковиќ, кој повторно ја доби оваа престижна награда за најдобар спортист.

Парот беше модно усогласен на црвениот тепих. Тие се појавија во црни модни комбинации – Новак облече црн костум со машна, а Јелена елегантен црн фустан кој ги откриваше нејзините раменици.

Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Јелена ги воодушеви сите со својот избор на фустан, дизајниран од српската модна дизајнерка Драгана Огњеновиќ, кој чини околу 500 евра. Покрај фустанот таа носеше дискретен, но скап накит, а косата ѝ беше во елегантна пунџа.

Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Како што пишуваат српските медиуми накитот кој Јелена го носеше е со потпис „Картие“, а цените на парчињата се вртоглави. Имено, ѓерданот има 71 дијамант од 7,98 карати и 142 дијаманти од 6,77 карати. Цената на официјалната веб-страница е 194.000 долари. Обетките што ги носеше се од истиот бренд како и ѓерданот, составен од 19 дијаманти од 1,64 карати и 10 дијаманти од 2,25 карати. Нивната цена е 78.500 долари. На раката носеше прстен чија цена е блиска до цената на обетките.

Единствено не се знае дали Јелена го купила овој накит или „Картие“ ѝ го дал да го носи, како што прават најголемите ѕвезди за престижни настани како Оскари, Греми и слично.

ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ искрено за родителството: Моите деца ќе имаат трауми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот