Вреди: Највисокото раководство на ДУИ со бројните корупциски скандали работи директно за Русија

by Fokus

Извештајот на американскиот Стејт департмент штотуку го потврди она што ние како албанска опозиција постојано го кажуваме. Највисокото раководство на ДУИ со големиот број корупциски скандали работи директно за Русија и против темелните вредности на западните демократии како ЕУ и САД, соопштија од коалицијата Вреди.

„Нашиот најважен стратешки партнер директно ги истакна и оцени измените во кривичниот законик, како инструмент за амнестија на политичката корупција. Судството е целосно приватизирано и нема правен епилог за клучните скандали. Нивото на слобода на изразување не одговара на земја членка на НАТО која се стреми да стане полноправна членка на ЕУ.

Нивото на почитување на човековите права е алармантно, додека говорот на омраза и заканите се евидентни насекаде. Извештајот на американскиот Стејт департмент ја отстранува можноста ДУИ дополнително да манипулира со гласачите дека дејствува политички, исклучиво во согласност со интересите на нашиот најважен стратешки партнер, САД.

Затоа ги повикуваме граѓаните утре масовно да се збогуваат со режимот на ДУИ! Првиот круг од претседателските избори ќе биде „нокдаун“ за Ахмети, Груби и Османи, додека 8ми мај ќе биде „нокаут“ за потрошените и криминализирани политичари од ДУИ, кои ја држат во заложништво иднината на албанскиот народ“ порачаа од Вреди.

Поврзани новости