Македонија
23. April 2024 - 16:37

Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители

Управниот суд ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители.

По вчерашаната седница судиите го потврдија ставот на Комсијата за спречување корупција дека во предизборен период Академијата за судии и јавни обивнители со постапката за полагање испити и вработување го прекршува Изборниот законик.   

Пресудата е конечна. Според правниот застапник на антикорупциска пресудата е доказ дека аргументите на Академијата дека процесот нема карактер на работен однос, туку на приемен испит, се неосновани. 

За странките во постапката спорен е моментот што изминатите денови слушателите во Академијата за судии и јавни обвинители го полагаа писмениот дел од практичниот испит, и покрај тоа што се водеше постапка и пред антикорупциска и пред управниот суд.