Македонија
23. April 2024 - 16:36

Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи

Поради  неусогласувања на вештите наоди од Судска медицина и она на одбраната ќе се прави ново, супервештачење за случајот Веапоска родилката од Дебар која остана без јајник, матка и бубрег со кое ќе се утврдува дали имале или не вина лекарите од струшката болница.

Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев, кажа дека вештачење направено во Институтот за судска медицина ќе опстои бидејќи нема друга вистина и очекува правдата си го најде својот пат.

Веапоска пак уште една потврди дека целиот случај влијае многу лошо врз нејзиното здравје како  физички и психички.

Инаку новото судско рочиште за родилката од Дебар Веапоска која при породување остана без три органи е закажано на 3 јуни.