Планетарно популарен десерт: Сочен и брз колач без јајца

Фото: Printskrin / Jutjub

Речиси и да не постои човек кој не го пробал овој планетарно популарен колач. Ова е најдобриот рецепт за колачи за почетници, може секој да го направи, а доколку сте во потрага по колач кој сигурно ќе ви успее, за кој не ви требаат кулинарски вештини, ова е вистинскиот колач за вас.

Состојки:

– 1 шолја гриз
– 1 шолја ореви
– 1 шолја млеко
– 1 шолја шеќер
– 1/2 шолја масло
– 2 рендани јаболки
– 2 лажици брашно
– 1 ќесичка прашок за печиво
– 100 г суво грозје
– шолја е од 200 грама

Глазура:

– 150 грама чоколадо за готвење
– 25 грама маргарин
– 4 лажици млеко
– 4 лажици масло

Подготовка:

Во сад ставете ги сувите состојки, а во друг измешајте ги „течните“. Потоа течните додајте ги во сувите и убаво измешајте. Ставете во намрсена и со брашно наросена тава и префрлете во рерна загреана на 200 степени.

Печете околу 30 минути. Со чепкалка проверете дали е испечено тестото.

Испечениот колач префрлете го во чинија за служење и прелијте го со чоколадна глазура.

Колачот можете да го испечете и во калап 30х21 см покриен со хартија за печење. Иако ќе биде повисок, повторно ќе биде сочен.

Оревите може да се мелени или половина сечкани, а половина мелени – по ваш вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот