Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, велат од ССК

by Fokus

Одлуката на Владата утрешниот ден (среда) да биде неработен негативно ќе се одрази на преостанатите работни денови од неделата, велат од Сојузот на стопански комори. Оттаму додаваат дека Владата кога ја донела одлуката не се консултирала со бизнис-заедницата и тоа, како што посочуваат, е за да се добие поголема излезеност на деновите на изборите.

„Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема разговарано. Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни, како и четвртокот и петокот. Навистина, многу непријатна ситуација. Ова не е наша одлука, политичарите ги носат тие одлуки за изборните датуми кои им се потребни за да добијат излезеност“, рече денеска претседателот на ССК, Трајан Ангелоски.

Владата донесе одлука деновите на изборите, 24 април и 8 мај, да бидат неработни и дека нема да се одработуваат.

Поврзани новости