Арина Михајлина (21), членка на руската одбојкарска репрезентација на плажа, си го одзеде животот, јавуваат руските медиуми. Медиумите јавуваат дека Арина на 21 април паднала од 16-ти кат во студентскиот дом на Московскиот енергетски институт „Синичка“. Нејзиниот тренер, Наталија Урјадова, потврди дека Арина се самоубила поради разделбата со нејзиното момче.

  • Излезе дека тие се разделиле во ист ден, на денот на трагедијата. Разговарале, раскинале поради некоја причина, па судејќи по она што го прочитал или слушнал на телефон, сметал дека е потребно да повика брза помош, истакна Урјадова.

За време на нивната преписка, момчето на Арина повикало брза помош, очигледно почувствувал дека таа се збогува со него. Тој повикал брза помош, а потоа се упатил кон студентскиот дом. Докторите кои пристигнале на повикот ја прегледале Михајлина, но не нашле причина за загриженост и си заминале. После тоа девојката се качила на 16-ти кат и скокнала. По некое чудо, таа го преживеала падот, но починала веднаш откако била примена во болница.