Македонскиот боксер Исени на чекор до медал на Европското првенство во Белград
Арјан Исени успеашно до сега настапува на Европското првенство за сениори во бокс кое се одржува во Белград, Србија.
Македонскиот боксер триумфираше во првите две борби, а Националната боксерска федерација на Македонија му посакува победа и во следната борба на 24 април која ќе биде за медал за испишување историја.
Во првата борба Исени во категоријата до 80 кг. триумфираше над Михаил Цамалидис од Грција со поделена одлука на судиите (3-2).
И во втората борба дојде до победа со поделена одлука на судиите против Рафаел Ховханисјан од Ерменија.
Следен ривал на Исени в среда ќе биде српскиот боксер Растко Симиќ и доколку дојде до победа ќе го обезбеди бронзениот медал.
На ова ЕП има 401 натпреварувач, 263 во машка конкуренција, а 138 во женска конкуренција, од 33 земји.