Заев: Излезот од Отворен Балкан може да поттикне национализам и нови конфликти на Балканот

Фото: Фејсбук, Зоран Заев

Поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, којшто заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, е еден од основачите на Отворен Балкан, за српска „Политика“ изјави дека никој не може да ги оспори резултатите од иницијативата „Отворен Балкан“ и дека заговарањето политика на напуштање на регионалната соработка може да поттикне национализам, па дури и нови конфликти на Балканот.

Заев истакна дека за само две години биле најавени многу проекти и дека е многу задоволен што добар дел од нив заживеале.

– Тоа се многу значајни компании кои опфаќаат повеќе од 70 проценти од македонското и албанското население во Северна Македонија, што го оправдува постоењето на иницијативата ОБ, вели тој за „Политика“.

Осврнувајќи се на изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, кој се заложи за излез на земјата од Иницијативата, тој оцени дека Османи не може да го негира заминувањето на туристи од Македонија и Србија на одмор во Албанија на Јадранското Море, ниту дека тони македонско и албанско вино добија нови извозни пласмани, ниту пак дека албанските, македонските и српските транспортни камиони сега полесно ги минуваат границите.

– Не може да се негира дека „паднаа“ работните дозволи за граѓаните на земјите-членки, ниту дека деловниот свет во Македонија бара повеќе проекти од Отворениот Балкан, а не се откажува од таа иницијатива, посочи Заев.

Две партии во власта со различни погледи кон „Отворен Балкан“ – ќе излезе ли Македонија од иницијативата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот