Седуммина лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога тркачки автомобил излетал од патеката во Шри Ланка и удрил во луѓе кои стоеле во публиката.

Несреќата се случила на трката „Fox Hill Supercross“ во Дијаталава.

Меѓу загинатите има и четворица претставници на трката, како и гледачи, меѓу кои и едно осумгодишно девојче, соопшти армијата.

Објавени се неколку детали за возачот и неговата состојба. Властите соопштија дека е во тек целосна полициска истрага за несреќата на патеката во сопственост на војската. Дијаталава, во централниот дел на јужниот дел на Шри Ланка е поранешен гарнизонски град и армијата има академија таму. Според очевидци, трагедијата се случила набрзо откако автомобил се превртел на патеката.

Организаторите се обиделе да ги забават автомобилите околу местото на несреќата со трепкање на жолти светла, но додека автомобилите брзо минувале, еден од нив излетал од патеката и удри во гледачите на страната на незаштитената патека.

Пет лица починале на лице место, а двајца им подлегнале на повредите во болница. Многумина од повредените се во критична состојба.