ФОТО | Познатиот водител Марко стана татко на близнаци: Се родија Вања и Веда

Марко Новески со сопругата Цена / Фото: Приватна архива

Познатиот македонски ТВ и радио водител Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Сопругата на Марко, Цена, на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш се пофали на социјалните мрежи.

„Добредојдовте Вања и Веда и ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ“, напиша Марко во описот на фотографијата од близнаците.

Марко со својата сакана Цена Плавевска стапи во брак во август 2021 година.

„Се оженив! Те сакам Плавевска и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка за стручната логистика околу овој чин“, напиша тогаш Марко во објавата и сподели неколку фотографии од свечениот момент.

ФОТО | „Рипна во тавче“: Водителот Марко Новески се ожени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот