УЕФА ќе одобри зголемување на бројот на играчи во репрезентациите на ЕП 2024

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Потсетување дека следното Европското фудбалско првенство ќе се организира ова лето во периодот од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе им дозволи на селекторите да повикаат 26 наместо 23 играчи во репрезентациите за претстојното ЕП, објавија денеска британските медиуми.

Како што пренесува „Скај“, на гласањето на Националниот комитет за натпреварување во понеделникот, УЕФА одлучи да им дозволи на селекторите да доведат уште тројца фудбалери, по предлогот на некои селектори да се зголеми бројот на играчи поради набиениот распоред оваа сезона и можните повреди.

На претходното ЕП кое се одржа во 2021 година, УЕФА дозволи и проширување на списокот на играчи за натпреварувањето, по пандемијата на коронавирус, а како што пренесува „Скај“, се чини дека отсега ќе стане обичај за репрезентативните натпреварувања на УЕФА.

Одлуката не е официјално донесена, Извршниот комитет на УЕФА мора да ја одобри промената на правилата, но се очекува тоа да биде формалност. Членовите на Извршниот одбор нема да се состанат до 22 мај, но се очекува одлуката наскоро да биде донесена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот