„Гласен текстилец“: Родителите со мали деца утре да добијат ден од одмор!

Кристина Ампева/ Фото: Слободен печат/ Архива

Претседателката Кристина Ампева, на Фејсбук објави дека се донесени првите одлуки по приватните фирми дека ќе работат во среда за денот на изборите, а никој не може да ги спречи бидејќи согласно закон и Колективен договор, се знае кои се неработни денови.

„Гласен текстилец“ ги информира работниците од приватниот сектор дека подготвиле барање за користење на ден од одмор за оние работници кои на утрешниот ден ќе работат, а се родители на малолетни деца. Оттаму советуваат барањето до работодавецот да се испрати по пошта како препорачано писмо, за да стаса навремено и без задоцнување.

„Во врска со утрешниот ден 24 април, кој е ден на избори и градинките како и другите образовни институции нема да работат, ги известуваме работниците од приватниот сектор дека подготвивме Барање за користење на ден од одмор за оние работници кои на утрешниот ден ќе работат, а се родители на малолетни деца. Сите кои немаат кој да им чува децата утре, да го искористат барањето“, објавија од „Гласен текстилец“.

– Не може на Владата во 5 до 12 да ѝ текне дека ќе прекинува работен процес во приватни фирми затоа што ќе има избори, а со закон не е друго пропишано. Останува проблем што воспитно-образовните институции нема да работат, односно ни градинките ни училиштата, што ќе претставува проблем за родителите на мали деца. Ги повикувам работодавците конечно да имаат разбирање за своите вработени кои имаат мали деца, напиша Ампева.

ССК: Тоа што среда е неработен ден негативно се одразува и врз останатите четири дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот