ВИДЕО | Андоновиќ: Русија најавува одмазда за Европа ако ѝ го одеземе имотот

Анализа со Андоновиќ / Фото Слободен печат

Војната во Украина влегува во 789-ти ден. Киев тврди дека меѓу 20.000 и 25.000 руски војници се обидуваат да упаднат во градот Часов Јар.

Според украинските и западните извори, целта на Москва е да го искористи вакуум просторот и да искористи што повеќе да освои територија во Украина во очекување на дел од помошта од 63 милијарди долари американски средства наменети за украинската армија.

Русија ги интензивира нападите врз трите најголеми украински градови, Харков Одеса и главниот град Киев.

Во руски воздушен напад беше погодена телевизиска кула од 240 метри во Харков, предизвикувајќи прекини на сигналот.

Најмалку девет лица се ранети, меѓу кои и четири деца, во ноќен напад на руски беспилотни летала во Одеса, на Црното Море.

Регионалниот гувернер Олег Кипер изјави дека во рускиот напад на Одеса биле оштетени станбени згради.Официјални лица, исто така, објавија дека едно лице е повредено при уривање на дрон во областа Миколаев, на југот на Украина.

Одеса и неговата околина беа редовно мета од почетокот на руската инвазија пред две години. Сега овие напади се интензивираат и не се исклучува дека Одеса е можна руска оперативна рута со цел да се обезбеди целосно пристапот кон Кирм каде зачестија украинските напади врз руската црноморска флота која веќе има загуби врз воените пловила на руската морнарица.

Со евентуалното руско освојување на Одеса, Украина ќе остане без пристап на море, што дополнително се смета како можна цел на руските напади.

Земјите од ЕУ најавија дека разгледуваат начини за испорака на повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, но не ветија дека ќе го испорачаат „Патриот“. Владимир Путин го повтори ставот на Русија за мирно решение во Украина, изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.

Во меѓувреме,Претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко ја предупреди Европа дека Русија веќе напишала закон за одмазда доколку Западот заплени речиси 300 милијарди долари руски имот и ги искористи за да и помогне на Украина.

„Имаме подготвен одговор. Имаме предлог закон за одмазднички мерки, кој сме подготвени веднаш да го разгледаме. А Европејците ќе изгубат повеќе од нас“, изјави Матвијенко, не наведувајќи детали, пренесува РИА Новости.

Откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина во 2022 година, САД и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии, замрзнувајќи околу 300 милијарди долари руски средства на Запад.

Највисоките американски функционери сакаат да запленат имот за да и помогнат на Украина, иако некои банкари и европски функционери се загрижени дека таквата заплена ќе создаде опасен преседан, пишува Ројтерс.

Претставничкиот дом на САД во саботата усвои закон со одредба која овозможува запленување на руски имот, иако најголемиот дел од руските средства не се во САД, туку во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот