Мусијала недостапен ова лето

44

Германскиот гигант Баерн (М) испрати јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент, Џамал Мусијала. Крилниот напаѓач има договор до 2026 година и важи за голема желба на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, но челниците на баварскиот клуб потврдија дека нема да биде разгледана ниту една понуда за време на летниот преоден рок.