ФК Шкендија не се предава, до крај ќе се бори за титулата во Првата лига

фото: KF Shkëndija

До крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска (ПМФЛ) остануваат уште пет кола, а во „пол-позиција“ за титулата е актуелниот шампион Струга.

Стружани се моментно на првото место со 58 бодови, три повеќе од второпласираниот Шкупи, а на третата позиција е Шкендија со 52.

Тетовските „црвено-црни“ иако заостануваат шест бода зад лидерот, ветуваат дека во последните пет натпревари ќе го дадат максимумот и заеднички заедно со навивачите ќе се обидат до крај да се борат за шампионскиот пехар.

И покрај негативата, Шкендија во преостанатите пет натпревари верува дека има реални шанси за титулата и со поддршка од јавноста е решена да ги испроба сите можности.

– Распоредот ни дава за право да бидеме оптимисти, во недела ни гостува Гостивар, а потоа повторно дома играме против Брера Струмица. Во последните три кола следи вистинската трка кога водечките тимови ќе се соочат еден против друг. Најпрво одиме во Чаир против Шкупи, пред да ја пречекаме Струга во Тетово во претпоследното коло. Последниот натпревар ќе го играме на гости кај Работнички во колото кога играат Струга и Шкупи – стои во дел од објавата на ФК Шкендија.

Распоредот на натпревари на Струга, Шкупи и Шкендија до крајот на натпреварувачката сезона 2023/24 во Првата фудбалска лига:

ФК Струга
28 април Струга – Силекс
1 мај Тиквеш – Струга
5 мај Струга – Гостивар
12 мај Шкендија – Струга
19 мај Струга – Шкупи

ФК Шкупи
28 април Шкупи – Тиквеш
1 мај Гостивар – Шкупи
5 мај Шкупи – Шкендија
12 мај Шкупи – Брера Струмица
19 мај Струга – Шкупи

ФК Шкендија
28 април Шкендија – Гостивар
1 мај Шкендија – Брера Струмица
5 мај Шкупи – Шкендија
12 мај Шкендија – Струга
19 мај Работнички – Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот