Историјата е полна со примери на луѓе што инсистирале на своите ставови иако постојано доживувале потсмев од околината

Хајнрих Шлиман
Со години тврдел дека Троја навистина постои, но никој не му верувал. Сѐ додека не ја откопал.

Галилео
Тврдел дека планетите, вклучувајќи ја и Земјата, се вртат околу Сонцето. Бил прогласен за еретик и покрај вистинитоста на неговото тврдење.

Џордано Бруно
Бил меѓу првите што сфатиле дека вселената е практично бесконечна и дека ѕвездите се всушност сонца, многу од нив со свои планети. Тој бил запален на клада поради неговите верувања.

Чарлс Дарвин
Доживеал масовен потсмев и голем отпор по објавувањето на неговото капитално дело за еволуцијата.

Секој што некогаш ја покривал веб-камерата
На почетокот тие луѓе важеле за чудаци, денес се знае дека камерите лесно може да бидат хакирани и да ве снимаат.

Непознат свештеник
За време на епидемијата на чумата во Москва, свештеник завршил на клада бидејќи ги повикал верниците да не ги бакнуваат статуите, затоа што така полесно се пренесувала болеста.

Роуз Мекгован
Била исмевана и напаѓана затоа што го прозвала Харви Вајнштајн години пред тоа да стане „модерно“.

Станислав Петров
Одбивал наредби и го игнорирал протоколот, сите мислеле дека е луд во тоа време, но веројатно спречил нуклеарна војна.

Клер Патерсон
Поминал децении докажувајќи дека оловото во бензинот предизвикува болест, често бил дискредитиран во јавноста од страна на моќната нафтена индустрија. Излезе дека бил во право.

Шинед О’Конор
Доживеала голем бројни напади откако ја искинала сликата на папата Јован Павле бидејќи верувала дека црквата систематски ја прикрива злоупотребата на деца. Години подоцна се покажа дека црквата навистина го правела тоа со години.