ГИНЕКОЛОГИЈА ЧАИР ДОБИ ИНКУБАТОР, ДОНАЦИЈА ОД ЧЕШКАТА АМБАСАДА

    ГИНЕКОЛОГИЈА ЧАИР ДОБИ ИНКУБАТОР, ДОНАЦИЈА ОД ЧЕШКАТА АМБАСАДАДонацијата е од  чешката фирма „ТСЕ Ческе Будјејовице“. (Фото: Амбасада на Чешка)

    Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопската општина Чаир, доби донација инкубатор за бебиња од Чешка. Донацијата од  чешката фирма „ТСЕ Ческе Будјејовице“  ја предаде чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

    „Оваа опрема од ТСЕ е уште една потврда за пријателските врски помеѓу нашите две земји. Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече Лудва.

    Финансирањето на проектот беше обезбедено од Чешката агенција за развој заедно со македонската фирма „Промедика“.

    Според последните статистики од Министерството за здравство, од 2017 до 2023 за 74 отсто е намалена смртноста на предвреме родените бебиња. Во  2016 изнесувала 25 проценти за во 2023 да достигне 5,6 проценти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира