Новиот италијански шампион Интер договори два летни трансфери

фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Интер оваа сезона успеа да го освои Скудетото, а раководството на италијанскиот фудбалски клуб веќе размислува за летниот избор на тимот.

Спортскиот директор на клубот Пјеро Аузилио објави дека клубот речиси финализирал два летни трансфери.

– Речиси ги финализиравме трансферите на двајца играчи за следната сезона – изјави Аузилио, цитиран од италијанските медиуми.

Според новинарот Фабрицио Романо, станува збор за напаѓачот на Порто, Мехди Тареми и играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зелински.

Договорите на двајцата играчи со нивните сегашни клубови истекува на лето, па тие би можеле да преминат во Интер како слободни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот